Папироти Груп е трговско претпријатие формирано во
1989 година,
со интенција да се занимава со повеќе дејности врзани за екологијата и еколошката свест.
Една од нашите најзастапени дејности, уште од самиот почеток, е производство,
увоз и дистрибуција на хартиена амбалажа, како еколошка алтернатива на пластичната,
која е еден од најголемите загадувачи на планетата. Во таа насока, низ годините,
Папироти порасна во лидер на македонскиот пазар.
Втор сегмент на нашата работа е училишниот
програм,
со посебен акцент на ранци од словенечкиот бренд
Target,
кои со својот европски дизајн и анатомска ергономија придонесуваат кон правилен физички развој
на децата на училишна возраст.
Покрај тоа,
Папироти, пред дваесетина години,
апочнува со увоз и дистрибуција на пропагандно-рекламни материјали,
како една од дејностите кои се неделив сегмент од новото време, максимално пропратено
и зависно од маркетинг и пропаганда. За таа намена,
Папироти се определи посебно за деловни
агенди и роковници,
како алтернатива на неизбежните екрани,
кои станаа неразделив аспект од нашите животи. За да му го продолжиме животот на рачното пишување и
намалување на хипнотизацијата од екраните, се одлучивме за посебно атрактивните агенди и роковници од
брендот Precision,
кои се несомнено на самиот врв на Европа по својот квалитет и дизајн.
Четвртата
и последна дејност на Папироти е патниот
програм,
како неизбежен сегмент на слободното време,
ормор, рекреација и општата љубов кон патувањето, преку увоз и дистрибуција на практични, лесни и
модерно дизајнирани кофери и патни торби.
Папироти Груп се
грижи за своите купувачи. Кај нас клиентот е
секогаш на прво место и правиме се да излеземе во пресрет на сите ваши желби и потреби. Ви ветуваме
брза,
лојална и прецизна услуга, продукти од врвен квалитет, со долготрајна гаранција и навремена испорака.
Повелете кај нас, и уверете се сами!
Драган Трајковиќ
сопственик и директор
Папироти е компанија сертифицирана по најновите, ISO стандарди во сите релевантни аспекти на бизнис, мануфактура и трговија.